26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТоп 30 на највлијателните земји во светот (без воени средства)

Топ 30 на највлијателните земји во светот (без воени средства)

Франција е земја со најголемо влијание во светот, постигнато без воени средства. Ова го покажува новата класификација „Soft Power 30“ од британската компанија за политички ПР, „Portland Communications“.

Минатата година таа го заземаше петтото место на ранг листата, а во 2015-та беше на четвртата позиција.

Рангирањето се базира на критериуми, како што се меѓународниот авторитет, дипломатската мрежа, односот кон странците, културата и дури гастрономијата.

Велика Британија го задржува своето второ место во рангирањето што минатата година го зазеде поради „Брекзит“. Пред тоа државата беше лидер во ова рангирање.

Минатогодишниот „првак“ – САД, во 2017-та година се најде на третата позиција поради политиките на новиот претседател на земјата, Доналд Трамп.

Од регионот во ова рангирање се Грција и Турција, кои обезбедија место во топ 30. Грција е рангирана на високото – 23-то, што значи искачување со две места во овогодинешниот индекс.

И покрај годината со политичка нестабилност, Турција се враќа во „Soft Power 30“, заземајќи го последното место, откако во 2016-та година испадна од листата.

Еве и кои се топ 30 на највлијателните земји во светот – без воени средства:

1. Франција

2. Велика Британија

3. САД

4. Германија

5. Канада

6. Јапонија

7. Швајцарија

8. Австралија

9. Шведска

10. Холандија

11. Данска

12. Норвешка

13. Италија

14. Австрија

15. Шпанија

16. Белгија

17. Финска

18. Нов Зеланд

19. Ирска

20. Сингапур

21. Јужна Кореја

22. Португалија

23. Грција

24. Полска

25. Кина

26. Русија

27. Чешка

28. Унгарија

29. Бразил

20. Турција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП