10 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските инвеститори се повлекуваат од САД

Европските инвеститори се повлекуваат од САД

Значително намалување на протокот на странски директни инвестиции од и за Европската унија во 2016-та година покажуваат првичните податоци на „Евростат“. Од нив се гледа дека европските инвеститори се повлекуваат од САД.

Во минатата година инвестициите на земјите од ЕУ во странство се едвај 186 милијарди евра, што претставува намалување од 68%. За споредба, во 2015-та година ЕУ инвестираше 585 милијарда евра во странство.

Инвестициите кои влегле во земји од ЕУ, пак се намалуваат за 41% – до 281 милијарди евра, наспроти 476 милијарди евра, една година порано.

Значително се намалуваат паричните текови меѓу ЕУ и САД, кои се главни трговски партнери. Во 2016-та година директните инвестиции на европските граѓани во САД се негативни во износ од 94 милијарди евра. За споредба, во 2015-та година инвестициите биле во износ од 352 милијарди евра.

Американските директни инвестиции во ЕУ се намалуваат за 76 отсто до 54 милијарди евра.

Негативни се директните инвестиции од ЕУ кон Канада (-17 милијарди евра) и Русија (-6 милијарди евра). Така Бразил е земјата која привлекла најмногу европски инвестиции во износ од 33 милијарди евра.

На второ место е Швајцарија, во која европските инвеститори вложиле 21 милијарди евра, а третото е за офшор финансиските центри (кон 40 земји), во кои се инвестирани 14 милијарди евра од ЕУ.

Најголемите инвеститори во ЕУ се Швајцарија (55 милијарди евра) и САД (54 милијарди евра). Следуваат офшор финансиските центри (вкупно до 40 земји), од кои во ЕУ влегле 36 милијарди евра, Јапонија (28 милијарди евра) и Канада (20 милијарди евра).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП