6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАOд денеска акција за собирање кабаст отпад во Аеродром

Oд денеска акција за собирање кабаст отпад во Аеродром

Општина Аеродром, во соработка со јавното претпријатие „Комунална хигиена“, од петок, 21 јули, ќе почне акција за собирање кабаст отпад.

Акцијата на 21 јули ќе се одвива во Ново Лисиче, реонски центар „Аеродром“, населбата Лисиче и Горно Лисиче, кога граѓаните кои имаат кабаст отпад, во временски интервал од 07 до 09:30 часот, ќе можат да го одложат пред своите домови, доколку живеат во куќа, или, пак, пред зграда, ако живеат во колективни станбени домаќинства.

При тоа, треба да се внимава отпадот да не го попречува движењето на пешаците и возилата, но и местото да биде пристапно за возилата на ЈП „Комунална хигиена“ за тие да можат непречено да го соберат отпадот.

Акцијата на 22 јули, пак, ќе се одвива во населбите Мичурин, Стар Аеродром, Острово и Јане Сандански.

Под кабаст отпад се подразбира мебел и делови од мебел, бела техника, електрични апарати за домаќинство (шпорети, ладилници, машини за перење алишта и за миење садови, бојлери и слични предмети), електронски апарати (компјутери, телевизори, музички системи и сл.), но не и градежен шут.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП