19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗаеднички полициски патроли на Охридското езеро, бродска линија Охрид-Подрградец сеуште нема

Заеднички полициски патроли на Охридското езеро, бродска линија Охрид-Подрградец сеуште нема

Од денеска,  полициите од двете соседни земји-Република Македонија и Република Албанија заедно ќе патролираат на Охридското езеро.

Имено, денеска, во полициската станица во Струга, официјално, на пригодна свеченост, ќе бидат промовирани заедничките полициски патроли составени од полициски службеници од Министерствата за внатрешни работи на двете земји.

Зафатот е во прилог на унапредувањето на туризмот во Струга.

Од друга страна, поминаа децении и децении, како се најавува бродска линија од Охрид до Поградец, на албанската страна на Охридското Езеро.

Се сменија многу министри, се направија многу промотивни тури, од работата ништо.

Пред неколку дена, на истата тема во Охрид разговараа градоначалникот Никола Бакрачески и амбасадорот на Република Албанија во Република Македонија, Фатос Река.

Амбасадорот Река изрази подготвеност да помогне да се олеснат граничните процедури за функционирање на бродската линија Охрид – Поградец, како поттик во заедничката туристичка понуда на регионот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП