28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПариз и Берлин со „New Deal“ против невработеноста кај младите

Париз и Берлин со „New Deal“ против невработеноста кај младите

nevrabotenost

Париз и Берлин кон крајот на месецот ќе го презентираат заедничкиот план за борба против невработеноста кај младите која ја нагризува Европа, и тоа преку кредити за компаниите кои вработуваат млади лица, објави денес германскиот дневен весник Рајнише Пост.

Заедничката иницијатива на францускиот министер за вработување Мишел Сапина и неговата германска колешка Урсула ван дер Лејан, е наречена “New Deal for Europe” со алузија на „New Deal“ од 1933 година на американскиот претседател Франклин Рузвелт, и треба да биде презентирана на конференцијата во Париз на 28 мај, која ја организира германско-американскиот инвеститор Николас Бергуен, објавува весникот.

Планот, во кој потпис ставија „големите компании“, предвидува дека Европската инвестициска банка ќе им даде кредити, во висина од неколку милијарди, на компаниите кои се обврзуваат да вработат млади лица кои ќе ги обучат.

Европската унија веќе се договори до 2020 година да издвои шест милијарди евра за борбата против невработеноста кај младите лица, која на пример, во Шпанија погодува едно од две лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП