26 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар избори пласман во третото кваликациско коло во Лигата на шампионите

Вардар избори пласман во третото кваликациско коло во Лигата на шампионите

Фудбалерите на Вардар изборија пласман во третото квалификациско коло во Лигата на шампионите, откако во реваншот од втората рунда го совладаа Малме со 3:1 (0:1). Првиот натпревар одигран минатата среда во Малме заврши без победник 1:1

Вардар на стадионот „Младост“ во Струмица успеа да слави во меч од Лигата на шампионите прв пат по 2003 година (триумф над ЦСКА Москва) и по два неуспешни обиди да го мине второто квалификациско коло во елитното натпреварување.

Македонскиот шампион одигра брилијантно второ полувреме, а благодарение на фуриозната игра во периодот од 45 до 60.минута успеа негативата од еден гол да ја претвори во водство од 2:1 со кое ги отвори портите кон пласманот во третата рунда.

По првиот дел, иако Вардар и во овој дел од играта беше подобар тим, работите не изгледаа позитивни за играчите на македонскиот првак.

Малме по првото полувреме имаше предност од 0:1 со голот кој Розенберг го постигна од пенал во 16.минута.

Неповолниот резултат го натера Вардар да тргне во целосна офанзива веќе од почетокот на второто полувреме. Голот на Малеме „висеше во воздухот“, а по неколкуте обиди  Грнчаров го совлада голманот Воланд во 55.минута. Вардаровиот капитен беше највиок во скокот по корнерот кој го изведе Фелипе и од пет метри со глава го матира голманот на Малме.

Пет минути подоцна Фелипе со соло акција избори пенал, тој ја презеде одговорноста, но Воланд го одбрани неговиот удар, но на одбиената топка налета Барсегјан и погоди за 2:1.

По стекнатото водство Вардар се повлече, добро ги затвори приодите кон голот на Гачевски, му остави на противникот да игра со топката, а евентуалната шанса за постигнување на уште еден гол ја бараше преку контранападите.

Таквата шанса ја дочека во 90.минута, кога Спировски освои една топка, го исфрли Блажевски по десната страна, а на неговата повратна топка Николов по трет пат го матираше Воланд и го постави конечниот резултат 3:1.

Противник на Вардар во наредната рунда најверојатно ќе биде Копенхаген. Данскиот првак во првиот меч, како гостин, славеше на Жилина со 3:1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП