5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБектеши ги претстави инвестициските проекти во Прага

Бектеши ги претстави инвестициските проекти во Прага

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска, на Инвестицискиот форум Кина – Централна и Источна Европа, кој во периодот од 17 до 19 јули се одржува во Прага, Чешка.

Toj ги претстави актуелните инвестициски проекти во енергетскиот сектор, истовремено потсетувајќи ги инвеститорите за условите за водење бизнис во Република Македонија, и ги најави новите политики кои ќе придонесат за следење на релевантните европски и светски трендови во областа на развојот на индустриското производство на панел дискусијата за индустрија, енергија и нови технологии.

„Владата на Република Македонија е цврсто определена кон унапредување на условите за водење бизнис, што претставува основен индикатор за поволна клима за инвестирање. Правната регулатива не само што овозможува еднаква основа за странските vis-à-vis домашните инвеститори туку обезбедува и бројни иницијативи за привлекување вакви инвестиции, а бројни меѓународно познати и признати компании ги продолжија своите успешни деловни приказни во 14-те технолошко-индустриски зони, кои нудат бројни даночни, царински и други финансиски поволности“, рече Бектеши.

Притоа, министерот за економија ги претстави актуелните проекти за поголемо искористување на хидропотенцијалот, интерконективните далекуводи, но и изградбата на ветерни, фотонапонски електроцентрали, како и термоелектроцентрали на биомаса и на биогас.

„За Владата на Република Македонија, изградбата на национален гасоводен систем, неговото поврзување со регионалните гасоводни системи, како и изградба на дистрибутивните системи за природен гас е еден од приоритетите во делот на изградба на енергетска инфраструктура“, нагласи Бектеши додавајќи дека согласно изработената физибилити студија во која се дефинирани три региони за изградба на оваа мрежа, во наредниот период треба да се почнат нови постапки за доделување договор за воспоставување на ЈПП за проектирање, изградба, одржување и развој на дистрибутивната мрежа за дефинираните региони.

Во делот на индустријата и новите технологии, министерот Бектеши ја потенцираше неопходноста од зголемување на конкурентноста на производите и услугите како на домашниот така и на странските пазари, станувајќи дел од интегрираниот глобален светски пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП