11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИOracle ќе вработува во Европа, Блискиот Исток и Африка

Oracle ќе вработува во Европа, Блискиот Исток и Африка

Американската технолошка компанија „Oracle“ ќе вработи 1.000 лица во Европа, Блискиот Исток и Африка, додека прави експанзија во регионот, пишува „Bloomberg“.

Компанијата бара вработени со искуство помеѓу две и шест години за позиции во областа на продажбата, менаџментот, финансиите, човечките ресурси и маркетингот за својата облачна услуга, објави „Oracle“. Компанијата не откриваат во кои канцеларии ќе назначи повеќе луѓе.

Потегот доаѓа само еден месец откако „Oracle“ забележа 58% раст на приходите на својот облачен бизнис на годишна основа. Предметниот бизнис им овозможува на претпријатијата-клиенти да управуваат со податоците преку серверите управувани од „Oracle“. Компанијата продала облачен софтвер и хардвер за 4,6 милијарди долари во минатата година, што е повеќе од генерираните минатогодишни 2,9 милијарди долари приход од продажби.

„Нашиот бизнис со облачни услуги расте со неверојатно темпо, па сега е вистинскиот момент да привлечеме нова генерација на таленти“, коментира Тино Шолман, потпретседател на бизнисот со облачни услуги на „Oracle“ за регионот.

Поврзаните со облакот производи сега носат повеќе од 12% од вкупната продажба на „Oracle“.

Европа, Блискиот Исток и Африка, пак донесоа 28 отсто од вкупните приходи на „Oracle“ во минатата година. Сепак во 2016-та година приходите од продажба во регионот се намалија за 2 отсто до 10,6 милијарди долари, додека клиентите се препраќаат од традиционалниот софтвер на „Oracle“ кон услугите базирани во облакот.

Amazon.com, Google, Microsoft, IBM и други компании, исто така, забележаа пораст во продажбата на облачни услуги. Сите тие создаваат нови центри за податоци во Европа, бидејќи конкуренцијата на пазарот на овие услуги станува жестока во регионот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП