6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција не брза со излез на меѓународните пазари

Грција не брза со излез на меѓународните пазари

Сеуште не е донесена никаква одлука за евентуално излегување на Грција на меѓународните пазари, пишуваат грчките медиуми.

Тоа го рекол владин извор во Атина по повод информациите кои се појавија во медиумите во последните денови за тоа дека Грција ќе се врати на пазарите во наредните денови.

Грчката влада внимателно го следи развојот на процесите на пазарите на обврзници и ќе донесе одлука за излегување на нив во удобно време за нив, но без да се раководи, негирајќи ги неодамнешните гласини рекол истиот извор.

Повикувајќи се на свои информации во „Вима“ тврди дека излегувањето на Грција на пазарите нема да се случи „ниту денес, ниту утре“, бидејќи требало да биде минимализиран ризикот од овој излез, што значело дека тоа може да се случи и наесен.

Во „Нафтемборики“ потсетуваат дека за четврток е предвидена седница на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), на која се очекува Фондот да донесе одлука за учество во тековната грчка спасувачка програма и да разговара за грчкиот долг.

Според аналитичарите грчката страна нема да избрзува да излезе на пазарите, бидејќи сака да види како ќе реагираат пазарите на пораката на Фондот за евентуално негово учество во грчката програма.

„Нема да избрзаме, ќе ги процениме новите реалности и ќе почекаме, бидејќи нашата цел е да обезбедиме сигурност на грчката економија, а исто така и одржливост од пристапот до пазарите“, рекле владини претставници.

Медиумите ги пренесуваат и германските реакции во врска со планираното излегување на Грција на пазарите на капитал.

Во преписката од Атина во „Бадише цајтунг“ се наведува дека Грција планира да се врати на пазарите три години по последното издавање на обврзници и дека ако таа успее да го преземе овој чекор, тоа ќе е важна етапа на патот на земјата за излез од кризата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП