Француската централна банка денес објави дека Франција ќе оствари слаб раст во вториот квартал, откако таа за малку ја избегна рецесијата во првиот квартал од оваа година. Банката проценува дека втората по големина економија во еврозоната ќе се зголеми за 0,1 процент во овој квартал, односно истата проценка која ја имаше и за вториот квартал.
Проценката е објавена како дел од редовното месечно истражување на деловната клима која покажа знаци за стабилизација по неколку месечното влошување.
Така, индексот на деловната клима за индустрискиот сектор во април се зголеми малку, на 94 поени, од 93 поени колку што изнесуваше во март. Во секторот за услуги индексот остана непроменет на 88 поени, што е неговото најниско ниво од средината на 2009 година.
Државниот завод за статистика наредната недела ќе ги објави податоците за БДП во првите три месеци од оваа година.
Две илјади милијарди евра вредната економија балансира на работ на рецесијата, со рекордна невработеност и притисокот на владините мерки за штедење на корпоративната и личната потрошувачка.