19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоловина од кинеските милионери планираат да се преселат во странство

Половина од кинеските милионери планираат да се преселат во странство

Половина од кинеските милионери планираат да се преселат во странство, а САД е нивната омилена дестинација, според новото истражување, цитирано од „CNBC“.

Половина од кинеските милионери со нето богатство во вредност од најмалку 1,5 милиони долари планираат или размислуваат да се преселат во друга земја, открива анкетата на „Hurun Report“ во соработка со „Visas Consulting Group“. Според истражувањето бранот кинески пари кон американскиот имот најверојатно ќе продолжи, што ќе биде поддршка на побарувачката и цените во одредени пазари на недвижности.

САД остануваат омилена дестинација на богатите Кинези. Канада е на второ место, поместувајќи ја Британија на третото место. Четврта е Австралија.

Најпрефериран град од Кинезите кои се селат во САД, е Лос Анџелес, следен од Сиетл, Сан Франциско и Њујорк.

Запрашани за главната причина да се преселат во странство, кинеските богаташи го истакнуваат прво образованието, а потоа „животната средина“.

„Образованието и загадувањето ги тераат богатите Кинези да емигрираат. Ако Кина ги реши овие проблеми, главните иницијативи за емиграција ќе исчезнат“, посочуваат аналитичарите од „Hurun Report“.

Стравот од поевтинување на јуанот исто ги испраќа зад граница многу кинески богаташи. 84% од милионерите во земјата стравуваат од девалвација на кинеската валута, додека минатата година овој процент бил 50%. Како прилики за загриженост се покажува исто формирањето на „балон“ на пазарот на недвижности во Кина и контролата врз монетарната размена.

Засега ограничувањата врз имиграцијата кои ги воведе администрацијата на Доналд Трамп, не влијаат програмата „EB-5“, најпосакувана од богатите Кинези. Таа им дава американско државјанство со инвестиција во имот во вредност од најмалку 500.000 долари.

Над 60 отсто од богатите Кинези се „оптимисти“ за економскиот развој на Кина, но само 22% очекуваат најсилниот раст да продолжи, а 44% очекуваат да забави.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП