17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAir France доби дозвола да се создаде нова нискотарифна авиокомпанија

Air France доби дозвола да се создаде нова нискотарифна авиокомпанија

Францускиот авиопревозник „Air France“ соопшти дека продолжува со плановите да создаде нова нискотарифна авиокомпанија, откако проектот доби зелено светло од основниот синдикат на пилотите „SNPL“, пренесе „Ројтерс“.

Планот е одговор на „Air France“ на конкурентскиот притисок вршен од авиокомпаниите од Заливот.

Новата компанија ќе работи со 10 авиони за летови на долги растојанија и 18 машини за средно оддалечените дестинации по цени кои ќе се пониски од оние на главниот бренд, во обид да ја врати профитабилноста на одредени правци и да привлече нови клиенти.

Други традиционални авиокомпании веќе создадоа нискотарифни единици за сервисирање на далечните дестинации во обид да одговорат на конкуренцијата за летови над северниот Атлантски Океан на компании, како „Norwegian“ и „Wow“.

Германската „Lufthansa“ нуди евтини далечни летови преку „Eurowings“, а „IAG“ – „International Airlines Group“, конзорциумот сопственик на „British Airways“, претходно оваа година ја создаде „Level“.

Пилотскиот синдикат денеска ги одобри плановите на „Air France“ со мнозинство од малку над 78 проценти.

Зделката вклучува и мерки за зголемување на ефикасноста со околу 40 милиони евра (46 милиони  долари) годишно во сите единици на „Air France“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП