8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛисабон ги прифати условите на ММФ

Лисабон ги прифати условите на ММФ

portugalija2

Владата на Португалија објави дека постигнала договор со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во врска со новиот пакет на радикални мерки за штедење со цел да ги донесе јавните финансии во ред.

Во соопштението се наведува дека владата е задоволна од условите кои ги поставија ММФ и ЕУ и дека државата е способна да ги реализира препораките по седмата ревизија на своите финансии.

Ова би можело да го отвори патот за активирање на новата транша од две милијарди евра од кредитот од 78 милијарди евра, договорен со Лисабон во мај 2011 година.

Министерот за финансии на Португалија Витор Гаспар ќе ги претстави резултатите од ревизијата пред своите европски колеги од еврозоната на состанокот во Брисел, пренесува агенцијата АФП.

Најновата ревизија започна на крајот на февруари, но траеше подолго и беше потешка во споредба со претходните. Уставниот суд на почетокот на април одби неколку преложени мерки за националниот буџет.

Премиерот Педро Пасос Коељо потоа претстави нови мерки за да ги компензира одбиените и ги намали јавните трошоци за 4,8 милијарди евра до 2015 година.

Португалија исто така, се обврза дека ќе го намали буџетскиот дефицит на 5,5 проценти од БДП до крајот на оваа година, на 4 проценти до крајот на следната година и на 3 проценти до крајот на 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП