20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК ги повика 28-те држави да ја зголемат возраста за пензионирање

ЕК ги повика 28-те држави да ја зголемат возраста за пензионирање

Во следните 40 години работоспособното население во Европа ќе се намалува драстично, предупреди во извештај на Европската комисија (ЕК).

Тоа значи дека во иднина ќе има помалку луѓе кои плаќаат социјално осигурување, отколку што е бројот на пензионерите. За да се задржи стабилноста на пензиските системи, ЕК ги повика 28-те држави за зголемување на возраста за пензионирање, стана јасно од комесарот за социјалните прашања Маријан Тејсен.

„Во моментов во просек четири лица работат, за да издржат еден пензионер. Во 2060-та година тој број ќе падне на половина – за секој пензионер ќе работат само двајца луѓе. Тоа значи дека треба да има посветено повеќе луѓе на пазарот на труд. Треба да им дадеме можност на граѓаните кои живеат подолго и се во добра здравствена состојба, да работат подолго. Во спротивно ќе имаме проблеми со финансирањето на пензиските системи и други делови на социјалното осигурување“, рече таа.

ЕК препорачува исто за владина национални мерки за поттикнување на наталитетот и прием на мигранти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП