10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова услуга на ЕВН Македонија - „Говорно сандаче“

Нова услуга на ЕВН Македонија – „Говорно сандаче“

evn

„Говорно сандаче“ е новата услуга што ја промовира ЕВН Македонија. Корисниците ќе можат во секое време да ја проверат состојбата на сметката за потрошена електрична енергија и тоа вкупниот долг кон ЕВН Македонија, износот на последната фактура за електрична енергија и рокот за плаќање на фактурата.

Како што информираат од компанијата, корисникот треба да го повика телефонскиот број 089 089 089, да го внесе бројот на корисник и понатаму, според инструкциите на говорниот автомат, брзо и лесно ќе ги добие потребните информации.

Бенефитот од користењето, наведуваат од компанијата, е повеќекратен. Во случај кога фактурата за електрична енергија не е пристигната на време, доволно е корисникот да го знае нејзиниот износ и бројот на корисник, за да ја плати фактурата во која било банка или пошта. Ако корисникот има случајно заборавена неплатена фактура за електрична енергија, тоа може лесно да го провери преку говорното сандаче без да мора да излезете од дома. Корисниците, пак, кои одбрале траен налог или друг начин на авоматско плаќање, во секое време ќе можат да проверат дали долгот редовно се сервисира.

ЕВН Македонија постојано работи на подобрување на услугите за своите корисници, стои во соопштението. Во изминатиов период се промовираше и услугата „Е-фактура“ со која сметките за електрична енергија може да се добиваат по електронска пошта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП