23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБектеши ќе учествува на инвестициски форум во Прага

Бектеши ќе учествува на инвестициски форум во Прага

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска и утре ќе учествува на Инвестицискиот форум Кина – Централна и Источна Европа, кој се одржува во Прага, Чешка Република, под покровителство на претседателот на Чешката Република, Милош Земан, и премиерот Бохуслав Соботка, а во организација на Чешко-кинеската комора за соработка и Економскиот центар за соработка во Кина.

Енергетиката, финансиите, индустријата, образованието, здравството, новите технологии, електронската трговија и туризмот се областите на кои ќе говорат политичките претставници, бизнисмените и инвеститорите од Чешката Република, од НР Кина и од другите земји од Централна и Источна Европа, а министерот Бектеши ќе има претставување на можностите за соработка и инвестирање во Република Македонија на панел дискусијата за индустрија, енергија и нови технологии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП