20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„The Great Gatsby“ овој викенд заработи 51 милион долари

„The Great Gatsby“ овој викенд заработи 51 милион долари

leo1

Филмот „The Great Gatsby“ со Леонардо Дикаприо во главната улога на почетокот на прикажување овој викенд заработи 51 милион долари во американските кино благајни.

Со тоа, филмот се искачи на второто место, веднаш зад „Iron man 3“ со Роберт Дауни Џуниор, кој заработи 72 милиони долари во текот на еден викенд, со што со десет-дневното прикажување на тој филм во САД беа заработени 285 милиони долари.

„Iron man 3“ од прикажувањата во целиот свет, заработи вкупно 949 милиони долари.

Филмската куќа „Warner Bros“ очекуваше дека „The Great Gatsby“ ќе заработи од 35 до 40 милиони долари, но веќе во првиот викенд на прикажување филмот ги надмина очекувањата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП