15 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota е лидер според продажбата во најмногу држави

Toyota е лидер според продажбата во најмногу држави

Британската агенција за статистика „Regtransfers“ го објави своето истражување за тоа кои марки се продаваат најдобро во одделните држави во светот.

Резултатите се за 2016-та година, а во нив влегуваат како автомобили, така и комерцијални возила. Лидер во најмногу држави – 49, е компанијата „Toyota“.

Картата е прилично шарена (види ја во голема резолуција), но јасно покажува дека јапонскиот производител е далеку пред сите останати. На второ место е „Volkswagen“, кој го зазема првото место според продажбата во 14 земји, а на третата позиција е рангиран „Ford“. Американската марка победи во 8 држави.

Во Македонија, како што е познато, најдобро се претставува Dacia. Романскиот бренд е лидер уште во својата татковина, како и во Молдавија, Бугарија и Мароко.

Интересно е дека според истражувањето на „Regtransfers“ во 2016-та година во целиот свет се продадени 88,1 милиони нови автомобили. Во исто време друга агенција – „JATO Dynamics“, уште во февруари објави резултат од 84,2 милиони примероци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП