29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во еврозоната и во ЕУ се забавува и во јуни

Инфлацијата во еврозоната и во ЕУ се забавува и во јуни

Инфлацијата во еврозоната се забавила на годишна база во јуни – до 1,3% во однос на 1,4% во мај, покажуваат последните податоци на „Еуростат“, објавени денеска, само неколку дена пред состанокот на Европската централна банка (ЕЦБ) во четврток.

Во споредба со минатата година, сепак се забележува сериозно забрзување, а инфлацијата во регионот тогаш била на ниво од 0,1%.

Инфлацијата во Европската унија (ЕУ) во јуни исто така забавила до 1,4% на годишна основа во однос на 1,6% во претходниот месец. Во однос на истиот период минатата година, сепак и тука се забележува забрзување, па во јуни 2016-та година инфлацијата беше на исто ниво како и во зоната со единствена валута – 0,1%.

Најбавен раст во јуни оствари инфлацијата во Ирска (-0,6%), Данска (0,4%) и Романија (0,7%). Најбрзо забрзување пак се забележува во Литванија (3,5%), Естонија и Латвија (по 3,1%).

Спрема мај 2017-та година годишната инфлација забавила во 18 земји членки, а останала без промена во три и се забрза во шест.

Најголем пораст влијание врз инфлацијата во еврозоната имале услугите за сместување (+0,08 процентни поени), пакет одмори (+0,06 пр.п.) и тутунските производи (+0,04 пр.п.). Негативно пак се одразиле телекомуникациите (-0,10 пр.п.), социјалната заштита (-0,04 пр.п.) и лебот и житариците (-0,03%).

Инфлацијата е еден од индикаторите, врз основа на кој ЕЦБ ќе донесе одлука за каматите во еврозоната, како и за програмата за стимулирање. Прогнозата на аналитичарите се дека каматните стапки во монетарната унија нема да бидат променети пред септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП