Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,299.13 -0.01%    GRNT 830.05 1.13%    KMB 5,209.45 3.13%    MPT 40,034.07 6.98%    MTUR 4,695.49 2.08%    OHB 6,413.12 -0.21%    OKTA 4,191.33 1.02%    PKB 14,300.00 2.87%    REPL 63,000.00 0%    RZIN 120.00 -1.64%    RZLE 37.00 0%    RZLV 79.00 9.31%    RZUS 141.00 2.39%    SBT 2,000.00 0%    STB 963.00 1.19%    STBP 900.00 0%    STIL 148.00 -6.92%    TEL 279.65 1.69%    TKVS 4,498.50 4.11%    TTK 983.00 2.97%    UNI 2,590.16 1.31%    ZILU 244.39 0.16%    

Кинеската економија оствари стабилен раст од 6,9% во вториот квартал

Време: 10:42

Датум: јули 17, 2017

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Кинеската економија постигна стабилен раст во вториот квартал од 6,9 проценти, соопштија светските агенции.

Ова темпо на зголемување на бруто домашниот производ (БДП) на втората економија во светот, сепак може да забави поради волјата на властите да се борат против огромните долгови на азискиот гигант.

Најдобриот резултат за БДП-то е придружуван од охрабрувачките податоци и за индустриското производство, продажбата на мало и инвестициите, одразувајќи во исто време на стабилноста и на внатрешната, и на надворешната побарувачка.

Некои експерти се сомневаат дека овој значаен раст ќе биде и траен. Неодамнешното „затегнување на чешмата“ на најевтините заеми доведе до забавување на растот на кредитирањето, а тоа ќе се одрази на економијата во втората половина на годината, коментираат аналитичарите.

Приватниот и јавниот долг достигна 250 отсто од БДП-то на земјата и тоа е повод за вознемиреност и меѓу агенциите за кредитен рејтинг. Пекинг ја беше отворил силно „тапата“ на кредитите во последниве години, за да ја поддржи економијата, но создаде шпекулативен бум и тоа најмногу на пазарот за недвижнини.

Агенција Фич (Fitch) предупреди во петокот дека зголемениот долг на Кина би можел да предизвика „економски и финансиски шок“, но и покрај тоа ја задржи актуелната оценка „А +“ со стабилни изгледи.

Индустриското производство е зголемено за 7,6 отсто во јуни на годишна основа, а во однос на претходниот месец се зголемило за 6,5 отсто. За целата прва половина на годината тоа се зголемило за 6,9 отсто.

Продажбата на мало се зголемила за 11 отсто во јуни во однос на 10,7 отсто зголемување во мај. За првите шест месеци растот е 10,4 отсто.

Инвестициите во производствен капитал скокна за 8,6 отсто во првата половина на годината.

„Владата на Кина активно придонесува за продолжувањето на реформите во економијата, со цел да се зголеми индикаторот за квалитетот во развојот на земјата, а исто така и да се зголеми ефикасноста за управувањето со економските процеси“, се наведува во објавениот извештај на Државниот завод за статистика.

Во Кина темпото на економски раст постепено се успорува. Во 2010-та година овој показател беше на ниво од 10,4 отсто, во 2011-та година – 9,2 отсто, а во 2012-та година – 7,8 отсто. На крајот на 2013-та година стапката на пораст на БДП-то на Кина се забави до 7,7 отсто, во 2014-та година до 7,3 проценти, а во 2015-та година до 6,9 отсто.

За минатата година тој беше во размер од 6,7 отсто.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Германија и Франција ќе ги зајакнат безбедносните капацитети на ЕУ

    Германија и Франција ќе ги зајакнат безбедносните капацитети на ЕУ

    Лидерите на Германија и Франција најавија дека планираат да ги зајакнат безбедносните капацитети на Европската Унија со цел полесно да се справат со предизвиците од…

  • Кичево доби пречистителна станица за отпадни води

    Кичево доби пречистителна станица за отпадни води

    Инвестираме во поздрава животна средина за подобар стандард на живеење, истакнаа заменик претседателот на Владата, Кочо Анѓушев и министерот за животна средина и просторно планирање,…

  • Грција очекува олеснување на долгот по состанокот на еврозоната

    Грција очекува олеснување на долгот по состанокот на еврозоната

    Грција денеска изјави дека очекува министрите за финансии од еврозоната на средбата во четврток да достават „значителни“ мерки, со кои ќе го направат нејзиниот долг…

  • Бизнис климата во Кина се влошува според европските компании

    Бизнис климата во Кина се влошува според европските компании

    Европските компании ја определуваат бизнис климата во Кина како непријателска поради ограничувањата во интернет просторот и неправедните законски прописи, според годишната студија на Стопанската комора…

  • Заев на средба со ЕБОР: Работиме заедно на проекти за јакнење на економијата

    Заев на средба со ЕБОР: Работиме заедно на проекти за јакнење на економијата

    Премиерот Зоран Заев во придружба на министерот за финансии, Драган Тевдовски, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, и советникот за економија и…

  • Челниците на ЕУ на вонреден состанок поради мигрантите

    Челниците на ЕУ на вонреден состанок поради мигрантите

    Вонредна средба на ЕУ со цел да се најде европско решение за прашањето со бегалците ќе се одржи в недела во Брисел, објави агенција АПА.…

  • Договор меѓу ЕБОР и Охридска банка за 10 милиони евра повластени кредити за нови инвестиции

    Договор меѓу ЕБОР и Охридска банка за 10 милиони евра повластени кредити за нови инвестиции

    Министерот за финансии, Драган Тевдовски, присуствуваше на потпишувањето на договорот помеѓу ЕБОР и Охридска банка, со кој на малите и средните претпријатија им се ставаат…

  • Владата ги повика граѓанските организации да ги мониторираат јавните набавки

    Владата ги повика граѓанските организации да ги мониторираат јавните набавки

    Владата го повикува граѓанскиот сектор во мониторирање на процедурите за јавни набавки со цел тие да бидат целосно заштитени од можности за злоупотреби. На прес-конференција…

  • Преку нова програма ќе се подигнува социјалната одговорност и иновативноста на учениците

    Преку нова програма ќе се подигнува социјалната одговорност и иновативноста на учениците

    Фондот за иновации и технолошки развој и УНИЦЕФ денеска најавија почеток на нов проект со кој учениците ќе се поттикнуваат да учествуваат во детектирањето на…

  • Уписи во средно – сите бегаат од стручната работа која нуди добра заработка

    Уписи во средно – сите бегаат од стручната работа која нуди добра заработка

    Средните училишта ги објавија резултатите од првиот уписен рок, најголем дел од полу матурантите и годинава се одлучија за гимназиите иако стручната работа нуди солидна…