5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако владата ќе ја субвенционира минималната плата?

Како владата ќе ја субвенционира минималната плата?

Пари во буџетот има за минималната плата за да може да се реализира она што го договоривме со синдикатот и работодавачите, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во интервју за Макфакс.

Царовска вели дека со законот кој наскоро ќе биде донесен сите рабтници, а особено од текстилната и кожарската индустрија ќе може да го остварат правото на минимална плата од 12.000 денари.

„Затоа ние велиме ќе ги субвенционираме овие работодавачи за да немаме отпуштање на работници. Веќе има пари во буџетот кои се обезбедени со ребалансот и тука нема никаков проблем. Деталите околку тоа како ќе се реалзира проектот понатаму ќе бидат преточени во закон кој владата наскоро ќе го објави и ќе може да се отвори дебата по него“, рече Царовска.

Една од мерките што ги најавуваше власта во предизборието беше и зголемувањето на висината на социјалната помош. Царовска вели дека првото покачување може да се очекува наредната година, затоа што како што рече ќе претходела анализа на податоци од релевантни институции за доаѓање реална сума колку треба да изнесува таа.

„Ние креираме систем , односно реформа по кој некаде од август месец 2018-та година ќе се преточи во закон кој ќе предивиди висина на минимален адекватен приход, кој ќе биде поврзан со линијата на сиромаштија.И тука сигурно ќе имаме покачување за двојно повисоки суми од сегашните“, додава Царовска.

Министерството како што најави Царовска приорирет ќе работи и на проектот за де-институционализација на лицата со посебни потеби, согласно европските препораки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП