21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Кои земји имаат најпозитивно влијание во светот

График на денот: Кои земји имаат најпозитивно влијание во светот

Се повеќе луѓе мислат дека САД немаат толку силно позитивно влијание на светската сцена, покажува новото истражување на „Ipsos MORI“.

Во анкетата биле вклучени 18.000 лица од 25 земји, но само 40% од нив сметаат дека САД има силно или делумно позитивно влијание врз глобалните дела, резимира „Statista“.

Резултатите на САД се доста зад оние на нивниот северен сосед Канада, која се смета за добар глобален пример меѓу 81% од испитаниците во светот.

САД се наоѓаат дури зад Кина, откако резултатот им се намалува за 24 процентни поени во однос на минатогодишното истражување. Ова се должи главно на западната глобално доверба во лидерството на претседателот Доналд Трамп и во зголемениот скептицизам кон неговите политики „Америка на прво место“.

Канада, Германија и Франција се сметаат како релативно неутрални во позадина на глобалниот бран националистички популизам. Поради сагата околу Brexit 57% од луѓето сметаат дека Велика Британија и Европската унија имаат позитивно влијание на светската сцена. Израел и Иран, исто така имаат позитивни влијанија односно за 32% и 21% од испитаниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП