1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија: Зголемен бројот на жители кои живеат во сиромашија

Италија: Зголемен бројот на жители кои живеат во сиромашија

Италијаните имаат најмногу сиромашни во последните десет години – во „апсолутна сиромаштија“ живеат 7,9 проценти или 4,74 милиони луѓе.

Државното биро за статистика наведува дека уште 8,5 милиони, односно 14 проценти од популцијата, живее во „релативна сиромаштија“.

Сиромаштија има во сите делови на Италија, но најмногу на југот на земјата.

Во јужните подрачја, 9,8 проценти живеат во „апсолутна сиромаштија“.

Тој број во централна Италија изнесува 7,3 проценти, додека во традицонално побогатата северна Италија 6,7 проценти живеат во „апсолутна сиромаштија“.

Италија излезе од втората рецесија во 2014 година, но бавниот раст на економијата не им помогна многу на најсиромашните слоеви од општеството, наведуваат економските портали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП