1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Бугарија со стапка од 6,8 проценти

Невработеноста во Бугарија со стапка од 6,8 проценти

Невработеноста во Бугарија на годишно ниво паднала за 1,6 отсто, велат податоците на Заводот за вработување.

Во јуни во Заводот биле регистрирани 224 илјади невработени, што е речиси 10 илјади помалку отколку во мај и 50 илјади помалку во однос на истиот период минатата година.

На пазарот на трудот во јуни имало 19 илјади слободни работни места, од кои на приватниот сектор отпаѓаат 80 отсто.

Најголем број слободни работни места има во преработувачката индустрија, трговијата, угостителството, административните и помошните дејности, и градежништвото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП