28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМОН го објави конкурсот за прием на студенти во државните студентски домови

МОН го објави конкурсот за прием на студенти во државните студентски домови

Министерството за образование и наука вчера го објави конкурсот за прием на студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување за академската 2017/2018 година.

Конкурсот е објавен на официјалната web страна на Министерството за образование и наука: www.mon.gov.mk. Право да конкурираат имаат сите студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Македонија кои сакат да го остварат правото на сместување во студентски домови.

Начинот на аплицирање, како и критериумите за прием на студенти во државните студентски домови и други објекти за сместување се објавени во самиот конкурс.

Електронското аплицирање за сместување во студентските домови ќе започне во понеделник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП