7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPolestar се „буди“, подготвува купе со 600 „коња“

Polestar се „буди“, подготвува купе со 600 „коња“

Резлутатот од внатрешната реорганизација и ревитализација на брендот „Polestar“ и негово издвојување во посебно одделение како дел од „Volvo“ ќе донесе на свет најверојатно едно спортско купе кон крајот на оваа година.

Како што пишува „Autocar“, планот е „Polestar“, тркачкиот и тјунинг бренд кој „Volvo“ го купи во 2015-та година, дефинитивно ќе остави печат на пазарот со два сопствени модели, а да не стане пандан на ознаките „AMG“, „M“ и „RS“ на големата германска тројка.

Тоа значи дека „Polestar“ нема, како досега, да се занимава со подобрување на гамата на модели кои го носат амблемот на „Volvo“, туку веќе на постоечките платформи ќе прави сопствени автомобили.

Очигледно, еден модел е во подготовка и со засега непознати карактеристики, додека другиот е во напреден развој и станува збор за спортско купе со високи перформанси изработено на постоечката платформа на „Volvo“, но би требало да им дури 600 „коња“.

Како што претходно беше објавено, „Polestar“ ќе се фокусира на хибридни погони.

Дали во сето ова имаме вистина, ќе видиме на саемот во Франкфурт подоцна во оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП