19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочна акцијата „ Дотерај го Скопје“

Започна акцијата „ Дотерај го Скопје“

Општината Ѓорче Петров и Дизајн центарот „ Јавна соба“ ја започнаа кампањата „ Дотерај го Скопје“. Целта на оваа кампања е да се создаде свест кај граѓаните за разубавување на нивната животна околина на практичен и економски начин и да се поттикнат истите да се грижат повеќе за јавниот простор во својата општина.

По тој повод во Општината Ѓорче Петров е одбрана локација во близина на бензиската пумпа на „ Макпетрол на главната сообраќајна артерија , улицата „ Ѓорче Петров“, каде што за прв пат се засади брзорастечки бршлен, а со цел да го разубават просторот но и да придонесат за намалување на штетноста од издувните гасови и прашина.

По повод започнувањето на кампањата градоначалникот Сокол Митровски изјави дека секое засадено растение и секој ваков проект кој придонесува за разубавување и заштита на животната околина е добредојден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП