2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗаразете ги колегите со добро расположение

Заразете ги колегите со добро расположение

Научниците докажаа дека емоциите се заразни. Ние несвесно го копираме ставот и однесувањето на луѓето кои не опкружуваат, како и нивното расположение. За среќа и доброто расположение е инфективно.

Лошо сте расположени и не можете да се изборите со тоа? Дали сте се запрашале дали нерасположението може да влијае на вашата работна способност? И научниците се обидоа да одговорат на ова прашање и открија дека одговорот е позитивен. Но уште нешто? Вашето (не)расположение се шири и во вашата околина. Можете да се заразите со вирусот на лошо расположение од некој колега, а за тоа да не сте ни свесни.

Позитивните луѓе се креативни

Истражувањата за емоционалната „зараза“ покажаа дека несвесно го копираме ставот и однесувањето од луѓето кои не опкружуваат, како и нивното расположение. За среќа, и добро расположение е „инфективно“. Професорката Сигал Барсејд, од Универзитетот во Пенсилванија, анализираше четири групи на луѓе од кои е побарано да поделат ограничена сума на пари. Еден глумец имаше задача да одглуми различно расположение во секоја од групите, чии учесници не знаеа за неговата тајна задача.

Кога глумецот ширел негативна енергија, правејќи гримаси, подигнувајќи го тонот, или непрекинато лупајќи со пенкалото во столот, во неговата група почесто доаѓало до конфликт. Во групите каде глумецот бил позитивен, се смеел и бил пријатен, учесниците подобро соработувале при делењето пари.

Според мислењето на Џенифер Џорџ, професорка по менаџмент на Универзитетот Рајс, и лошото расположение понекогаш може да биде корисно. Таа тврди дека доброто расположение е корисно за создавање атмосфера на доверба и креативност, но и лошото расположение може да биде добро за фокусирање на работата која треба да се обави.

Најдобрите работници знаат да владеат со расположението

Нерасположените лица се секогаш реалистични, самокритични и насочени кон детали. Од ова се добива заклучок дека и доброто и лошото расположение може да биде корисно за ефикасноста на работното место. Како расположението се менува во текот на денот, најдобрите работници, како и нивните надредени, знаат како да го искористат и да владеат со расположението на своите вработени. Атмосферата на работа може да биде добар сигнал. На пример, ако во вашата околина се сите лошо расположени, тоа е знак дека во вашата компанија не е нешто во ред. Од друга страна, ако само вие сте нерасположени, и тоа трае подолго време, тоа може да биде сигнал дека проблемот лежи во вас, и дека е потребно да побарате стручна помош.

Понекогаш мора да направиме промена

Првиот чекор е свесноста за тоа, ако не сме свесни дека испраќаме негативни пораки и шириме негативна енергија околу себе, ќе направиме многу грешки во работата. Многумина ќе се запрашаат дали е добро да се испразниме или лошото расположение да го зачуваме за себе? Не е баш вкусно да седнете и да поченете да раскажувате што се ве онерасположило, затоа, во борбата против лошото расположение многу е поефикасно да се потсетите зошто сте тука и дека работата ви е најважна за егзистенцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП