19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГлобалното затоплување го става во ризик светското производство на кафе

Глобалното затоплување го става во ризик светското производство на кафе

Климатските промени го загрозуваат светското производство на кафе што заостанува во последните години од побарувачката. За ова предупредуваат експерти и колумбиските власти на првиот Светски форум на производители на ароматични и освежителни зрна во колумбискиот град Меделин, пренесува Франс прес.

„Сите ќе бидат погодени. Кафето е многу чувствително дури кон лесни промени на температурата. Ако температурата се зголемува, сите земји ќе бидат погодени“, изјави Бразилецот Жозе Сете, извршен директор на Меѓународната организација за кафето (МОК). Организацијата обединува 43 земји извознички и седум увознички.

Обработливите површини наменети за одгледување на кафе, би можеле да се намалат на половина во 2050-та година, поради зголемувањето на температурите, што е фактор и за ширењето на болести на растението, забележува во извештајот на Институтот за климатологија на Австралија од 2016-та година.

Според „МОК“ производството на кафе е помало од потрошувачката веќе две години.

Во 2016-та година, жетвата во Бразил изнесувала 51,4 милиони вреќи (од 60 килограми), но оваа година се очекува пад од 11,3 отсто поради двегодишен негативен циклус за сортата Арабика.

Претседателот на Колумбија Хуан Мануел Сантос предупреди на форумот во Меделин дека плодноста на бразилските земјишта ќе ослаби поради глобалното затоплување.

Речиси 25 милиони семејства во 60 земји преживуваат од производството на кафе, чиј пазар се проценува на 100 милијарди долари годишно, според податоците на „МОК“ за првиот квартал од годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП