6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајдобрите, најталентираните и наградените ученици од Центар на излет во Охрид

Најдобрите, најталентираните и наградените ученици од Центар на излет во Охрид

Најдобрите, најталентираните и наградените ученици за своите инвентивност и талент на традиционалното одбележување на Денот на Европа, од Општина Центар беа наградени со еднодневен излет во Охрид.

Стотина ученици од основните општински училишта „Гоце Делчев“, „Кочо Рацин“, „Димитар Миладинов“ и „Св. Кирил и Методиј“, кои беа најдобри во музичко-сценски настап и за изработка на најдобар еко постер, уживаа во убавините, историјата и се запознаа со традицијата и знаменитостите на древниот Охрид.

Заедно со градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, и со евроамбасадорот Самуел Жбогар, децата во текот на целиот ден беа на Плаошник, Св. Софија, уметничките галерии, Заливот на коските и старата охридска чаршија.

„Охрид беше вистинскиот избор за награда на најдобрите ученици од Општина Центар. Се вели дека младите се нашата иднина, но јас велам дека тие се и наша сегашност. Тие се носители на нашиот мир, солидарност и обединување. Децата за мене остануваат најважен приоритет и должни сме да направиме сѐ даим обезбедиме безгрижен раст и сигурна иднина во Европската Унија. Тука сме заедно да ја пратиме таа порака, бидејќи децата од Македонија заслужуваат да бидат дел од европското семејство“, им порача градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП