Регионалниот центар за управување со кризи информира дека в недела, 16 јули, без електрична енергија ќе останат: во период од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Франклин Рузвелт бр.34, како и објектот на СЈО и локалите лоцирани околу СЈО.
В понеделник, 17 јули, без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08.30 до 13.00 часот, дел од корисниците од ул. Тасино Чешмиче на потегот помеѓу бул. Тодор Александров до ул. Драмска, општина Центар, а во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од село Матка како и сите угостителски објекти и објектот на Јасен, општина Јасен.