26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle ослободен од една казна, Французите му простија

Google ослободен од една казна, Французите му простија

Францускиот суд пресуди дека Google не мора да плати данок во вредност од 1.115 милијарди евра колку што бара француската држава.

Судот наведе дека ирската филијала на оваа компанија не е оданочлива во Франција.

„ Компанија „Google Ireland Limited“ не е оданочлива во Франција за периодот од 2005 до 2010 година, се наведува во пресудата на судот.“

Google плати само 6,7 милиони евра корпоративен данок во 2015 година во Франција така што ги заведе приходите за своето „онлајн царство“ во својата европска подружница во Ирска, каде даноците се помали, пренесува АФП.

Европската унија на крајот на јуни му изрече на Google рекордно висока парична каза од 2,4 милијарди долари поради искористување на доминантната положба на пазарот.

Според зборовите на претседателката на Комисијата за конкуренција Маргарет Вестагер, Google ја злоупотребил пазарната доминација бидејќи на своите комерцијални сервиси им давал приоритет во резултатите од пребарувањето на интернет, пренесува АФП.

ЕУ веќе со години го истражува случајот со услугите „Google Shopping“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП