ЕКОНОМИЈА

Туризмот во Велика Британија забележа раст благодарение на слабата фунта

Бран на нови туристи ја посетија Велика Британија во текот на првите три месеци од 2017-та година, а главната причина за тоа е слабата фунта, соопшти Националната статистичка служба.

Бројот на туристите кои доаѓаат во Велика Британија, е зголемен за 21,1%, но за сметка на тоа, бројот на бизнис посетителите е намален.

Генерално се забележува рекорд од 8,3 милиони посети во кварталот што е речиси 10% повеќе во однос на истиот период од 2016-та година.

Посетителите потрошиле 4,4 милијарди фунти, додека биле во земјата, што исто така е рекорд.

Во исто време, сепак поевтинувањето на фунтата не ги стопирало Британците да патуваат повеќе надвор од земјата.

Британските граѓани извршиле 14,1 милиони посети надвор од земјата во трите месеци, што е за 8,1% повеќе во однос на 2016-та година.

Поевтинувањето на фунтата ги прави патувањата на странски туристи во Велика Британија поевтини, но поскапи за Британците, кога излегуваат надвор од земјата.

Бројот на американските туристи е особено висок. Тие биле со 16% повеќе во однос на минатата година, а во исто време и потрошиле 29% повеќе до износот од 604 милиони фунти.

Кинеските туристи оствариле 54.000 посети и потрошија рекордни 91 милиони фунти. Силен раст има и на австралиските и француските туристи.

Велс очигледно била една од најпопуларните дестинации, а бројот на посети барем за една вечер се зголемил за 28%.

И сепак Британците потрошиле доста повеќе во странство отколку странците во Велика Британија.

Иако странските туристи оставиле 4,4 милијарди фунти во земјата во кварталот, Британците потрошиле речиси двојно повеќе – 8,6 милијарди фунти на патувања во странство, што е за 11,7% повеќе на годишна основа.