7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова ера за Грција: Ова е силен сигнал...

Нова ера за Грција: Ова е силен сигнал…

Европската унија соопшти дека Грција повеќе не ги крши буџетските правила на Унијата.

Предлогот на Европската комисија да ја заврши „процедурата за претераниот дефицит“ во однос на Грција доаѓа после големото подобрување во финансиите на оваа земја по осум години намалување на трошоците и зголемување на данокот и рецесијата кои ја намалија големината на економијата за една четвртина и предизвикаа раст на сиромаштијата и невработеноста.

„Ова е симболичен момент за Грција. Ова е крај на штедењето, а тоа значи дека сега ни е потребна стратегија заснована на раст, вработување и социјална правда“, изјави комесарот за ЕУ за финансии Пјер Московици.

Грција беше под лупа од 2009 година, кога се откри дека нејзините јавни финансии беа во многу полоша состојба од тоа што се претпоставуваше, а буџетскиот дефицит беше на многу повисоко ниво од дозволеното од три проценти.

Оневозможена да позајмува пари, Грција ја прифати меѓународната помош од повеќе од 300 милијарди евра, во замена за помош, а низа грчки влади воведоа бројни мерки за штедење и економски реформи.

Московици изјави дека прекинот на надзорот е добра вест за финансиските пазари и дека Грција е земја со која може да се работи.

„Грција е се подоверлива. Може да и се верува и мислам дека е ова силен знак за инвеститорите“, изјави тој.

Ако членките на ЕУ го прифатат предлогот на Комисијата, уште само Франција, Шпанија и Британија ќе останат на списокот со земји прекршувачи на буџетските правила. На почетокот на закрепнувањето на глобалната еономија во 2011 година, од тогашните 27 членки на ЕУ, 24 не се придржуваа до прописите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП