15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCBS News и BBC потпишаа договор за споделување на содржина

CBS News и BBC потпишаа договор за споделување на содржина

Американската телевизија „CBS News“ и британската „BBC“ ги најавија плановите за соработка и размена на информации, а очекувањата се тоа да го подобри известувањето на најважните домашни и меѓународни настани, пренесоа светските агенции.

Договорот меѓу двата медиуми беше објавен во заедничката изјава на нивните раководители Дејвид Роудс (CBS) и Џејмс Хардинг (BBC).

Телевизиите ќе можат да споделат видео и уреднички содржини, како и ресурси за покривање на вести во Њујорк, Лондон, Вашингтон и други точки во светот.

Новото партнерство ќе им овозможи на гледачите, независно од местото на живеење и ставовите, автентични, оригинални и релевантни вести, посочи Хардинг, цитиран од агенциите.

„BBC“ покрива настани од 125 градови во 70 земји и достигнува публика од 346 милиони луѓе неделно.

Договорот за споделување на содржина стапува на сила веднаш. Тоа го заменува досега важечкото меѓу „BBC“ и друга голема американска телевизија – „ABC“. Британскиот медиум не наведе причината поради која го менува партнерот.

Двете телевизиски мрежи веќе работеле заедно во раните денови на телевизијата и радиото, кога американскиот новинар Едвард Мероу испраќал многу од познатите соопштенија за текот на Втората светска војна од централата на „BBC“ во Лондон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП