18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛагард: Демне ново зло, и не се знае каде ќе удри

Лагард: Демне ново зло, и не се знае каде ќе удри

Уште една финансиска криза се уште е можна, изјави шефицата на ММФ Кристин Лагард.

Таа ја коментираше изјавата на Џенет Јелен, претседателката на ФЕД, која оценува дека во својот живот нема да биде сведок на уште една криза.

„Можеби ќе се случи уште една криза, планирам долго да живеам, но се надевам и Јелен, па така апсолутно не би се обложувала на тоа бидејќи постојат циклуси кои сме ги виделе во минатото, и јас новата светска криза не би ја исклучила“, изјави Лагард за CNBS.

Таа додаде дека кризите обично се непредвидливи и дека доаѓаат неочекувано.

„Од каде ќе дојде, која е формулата…. како ќе се одрази на меѓународно ниво… тоа не може да се предвиди, но досега се покажа дека кризата никогаш не доаѓа прво таму каде што ја очекуваме“, изјави Лагард.

„Наша должност е да бидеме сигурни дека финансискиот сектор е под контрола, дека е регулиран, дека институциите се силни и дека можат да им одолеат на опасностите“, изјави таа.

Претходната глобална финансиска криза се појави во 2007-2008 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП