27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрограмата „златна виза“ во Шпанија генерирала досега над 2 милијарди eвра

Програмата „златна виза“ во Шпанија генерирала досега над 2 милијарди eвра

Програмата на Шпанија за генерирање на инвестиции во недвижнини „златна виза“ привлекла над 2 милијарди евра од нејзиното воведување, покажуваат новите податоци, цитирани од онлајн изданието „themovechannel.com“.

Шемата која нуди дозвола за постојан престој на инвеститори надвор од Европската унија (ЕУ), се применува за да се стимулира станбениот пазар, како и економијата во целина, за да се врати на пазарот на недвижности.

Првично шемата не започна добро најверојатно поради нејзиниот повисок праг – 500.000 евра.

Од минатата година, сепак програмата зема замав и импулсот продолжува и во 2017-та година, се гледа од статистиката.

Од 2013-та година 2.236 странци купиле имот, а со тоа и дозвола за постојан престој, што значеше 2,16 милијарди евра приходи во државната каса. Речиси три четвртини од овој обем на инвестиции се вложувања во недвижности, а околу 55% ​​од трансакциите се остварени од Кинези и Руси.

Вкупно 714 кинески граѓани добиле визи, а имаат инвестирано 716 милиони евра во бизнис, финансиски средства и имоти. Русите се речиси 700 лица со вложувања од 567 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП