6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвтина тарифа на струјата и во текот на дневните часови

Евтина тарифа на струјата и во текот на дневните часови

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев на средбата со претседателот на Европската енергетска заедница, Јанес Копач, ја расчистил дилемата во јавноста околу евтината тарифа за електрична енергија и постигнал договор како да се воведе, истовремени исполнувајки ги сите стандарди кои што се барани од Европската унија.

„Евтината тарифа на струјата е мерка што беше во предизборната програма на владеачката партија и воедно дел од програмата на оваа влада. Беше кажано дека ќе се воведе евтина тарифа во текот на дневните часови. Вие знаете дека евтината тарифа денеска е само во недела и во текот на ноќните часови. Таа ќе биде воведена и во текот на дневните часови во период од 2 часа, како и во сабота за која ќе важи истото како за секој друг работен ден. Односно евтината тарифа ќе се врати на истиот начин како што граѓаните на Македонија ја знаеја во претходните години, наназад со децении“, најави Ангушев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП