3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастот на потрошувачката ќе ја зголеми глобалната побарувачка за нафта оваа година

Растот на потрошувачката ќе ја зголеми глобалната побарувачка за нафта оваа година

Глобалната побарувачка за нафта оваа година ќе биде благо повисока од очекуваната, по растот на потрошувачката во Индија, САД и Германија, покажуваат проценките на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).

„Проценката на растот на глобалната побарувачка за нафта оваа година е ревидирана, на 1,4 милиони барели дневно, поради неочекуваните силни прелиминарни податоци за побарувачка во вториот квартал“, се наведува во најновиот месечен извештај.

По слабиот пораст на побарувачката за нафта во првиот квартал, во второто тримесечие дојде до драстично забрзување поради очекуваниот раст на потрошувачката во Индија и неочекуваниоот раст во САД и во Германија.

Вкупно, глобалната побарувачка за нафта оваа година би требало да достигне 98 милиони барели дневно, а следната да порасне на 99,4 милиони барели дневно.

Во настојувањето да ја намали прекумерната глобална понуда и да ја крене цената на нафтата, ОПЕК договори намалување на производството од почетокот на годинава, а на Организацијата на земји-извозници на нафта ѝ се придружија и земјите што не се нејзини членки, предводени од Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП