17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнѓушев: Тендерот за гасификација ќе биде поништен зошто имаше само еден понудувач

Анѓушев: Тендерот за гасификација ќе биде поништен зошто имаше само еден понудувач

Владата донесе одлука да се поништи тендерот за гасификација на Македонија затоа што се јавила само една компанија. Според вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, избор на тендер со само една понуда секогаш е извор за можна корупција.

„Констатиравме дека долго време најавуваниот проект за регионална гасификација на Македонија, за кој се информираше дека ќе се појават многу компании, беше констатирано дека добивме само една понуда. Владата донесе одлука да се формира комисија која што ќе ја отвори таа понуда, ќе видиме кој е понудувач. Но, се надевам дека сите вие ќе се согласите дека понуда од само една компанија сигурно не е доволна за да добиеме квалитетен понудувач и конкурентност, со кој ќе се постигне квалитетна цена за македонските граѓани“, рече Анѓушев.

Од таа причина, рече тој, моја препорака и препорака на економскиот тим на владата е тој тендер да се преработи и преобјави, за да овозможиме поголема конкурентност и да можеме да обезбедиме подобри понуди и поголем бенефит за граѓаните на Република Македонија.

„Избор на тендер со само една понуда за мене е секогаш извор за можна корупција. Јас тоа нема да го поддржам никогаш, и ќе сакам поголема конкурентност на сите тендери“, рече вицепремиерот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП