ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа три месеци преку интернет Кинезите потрошиле 57 милијарди долари

За три месеци преку интернет Кинезите потрошиле 57 милијарди долари

beijing cybercafe

Според резултатите од истражувањето на кинеската компанија „iResearch“ во првиот квартал од оваа година вредноста на електронското тргување во Кина изнесувало 57 милијарди долари што е за 6.6 проценти повеќе од истиот период во минатата година. Вредноста на е-купувањето чини 6.3 проценти од вредноста на малопродажбата во Кина.

По пат на интернет кинезите најчесто купуваат книги, облека, козметика и други производи за секојдневната употреба со што допринесуваат за развој на електронското тргување.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека првите пет места на е-пазарот го завземаат компаниите Тианмао, Џингдонг, Тенгсјун, Сунинг и Дангданг. Преку компанијата Тианмао е остварено 51.3 проценти од купувањата, а пак преку Џингдонг околу 43.4 проценти.

 

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП