Надворешна трговија на Кина се зголемила значително во јуни – зголемувањето е за 17,2 отсто на годишна основа на увозот и со 11,3 отсто на извозот. Ова го покажуваат објавените податоци на кинеските царина, цитирани од светските агенции.
Зголемувањето на увозот е поради забрзаното темпото спрема мај (14,8 отсто) и во април (11,9 отсто), за да стигне во јуни 153,83 милијарди долари. Податоците за јуни ги надминале и очекувањата на аналитичарите анкетирани од агенцијата „Bloomberg“, кои прогнозираа раст само од 14,5 отсто.
Извозот достигна 196,59 милијарди долари, а тоа е ново забрзување во однос на мај (+8,7 отсто) и април (+8 отсто), како и подобар резултат од очекуваниот од експертите (+8,9 отсто ).
Податоците се одразуваат некогаш толку стабилната побарувачка за кинески производи, како и добра домашна потрошувачка, коментираа аналитичари.
Вкупно за првите шест месеци од годината надворешната трговија на Кина се зголемила за 13 отсто до 1,91 илјади милијарди долари.
Кинескиот извоз се зголемил за 8,5 отсто до 1,05 илјади милијарди долари. Увозот скокна со 18,9 отсто до 862,21 милијарди долари.
Вишокот во трговскиот биланс за првите шест месеци од годината бил 185,06 милијарди долари.
Вкупниот обем на кинеската надворешна трговија на крајот на 2016-та година се намали за 6,8 отсто до 3,68 илјади милијарди долари.