2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова вртелешка пред Министерството за надворешни работи

Нова вртелешка пред Министерството за надворешни работи

Монтажата и поставувањето на вртелешката наспроти Министерството за надворешни работи е во завршна фаза, соопшти ЈП „Паркови и зеленило“.

Од таму велат дека каруселот ќе почне со работа следната недела. Вртелешката привремено ќе биде на оваа локација. Кога Луна паркот ќе биде завршен, каруселот ќе биде префрлен таму.

Ова е втора вртелешка во Скопје. Првата е поставена на кејот на Вардар, во близина на плоштадот „Македонија“. Вредноста на вториот карусел изнесува 11.500.000 денари, што е повисока од првиот рингишпил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП