15 мај, 2025
ПочетнаАВТОБИЗNissan: Дo 2020-та петина од нашите возила во Европа ќе бидат EV

Nissan: Дo 2020-та петина од нашите возила во Европа ќе бидат EV

Компанијата „Nissan“ е уверена во добрата продажба на следната генерација на „EV“ моделот „Leaf“ и очекува во наредните три години секој петти автомобил кој ќе се продава во Европа ќе биде возило на електричен погон.

Како што е најавено, покрај „Leaf“, уште два „EV“ модели би требало да бидат претставени до 2020-та година.

Изјавата на директорот на европското одделение на „Nisѕan“ за „EV“ пристигнува во деновите откако Франција најави дека до 2040-та ќе биде воведена целосна забрана за возила кои користат бензин и дизел горива.

„До 2020-та година, тамо како што условите се поволни, верувам дека 20 отсто од нашите продадени автомобили ќе бидат електрични возила. Тоа е удел кој константно ќе расте“, вели Герет Днасмор.

Кога тоа ќе се преведе во апсолутни бројки и сегашната состојба, тоа би значело дека од продадените 735.725 возила на „Nisѕan“ во Европа во 2016-та, 147.000 автомобили се од моделот „Leaf“.

Официјално, во 2017-та „Nisѕan“ во Европа продаде 23.000 електрични возила, од кои 18.500 се „Leaf“ и нешто помалу од 4.500 се од моделот „e-NV200“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП