19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Нема потреба да брзаме“

„Нема потреба да брзаме“

eu2

Европа не би требало да брза со основањето на единствениот банкарски орган за гасење на проблематичните банки, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.

Тој смета дека прво треба да се фокусира на соработката меѓу националните агенции.

Според него, формирањето на орган за гаснење на слабите банки е еден аспект на банкарската унија, чија цел е стабилизирање на финансискиот систем во еврозоната, пренесува агенција АП.

Официјалните лица од Европската централна банка (ЕЦБ), повикаа на формирање на силна централизирана власт, која ќе има поддршка од европскиот фонд и која ќе носи одлуки за затворање на банките.

Официјален Берлин, сепак, укажа дека воспоставувањето на таков орган бара измена и дополнување на основачкиот договор на Европската унија, што според неговото мислење, би можело да биде тежок и долг процес.

Шојбле за денешниот Фајненшл Тајмс изјави дека Германија „без резерва“ ќе го разгледа предлогот кој го подготви Европската комисија за основање на механизам кој ќе го реши проблемот со слабите банки.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП