23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанките во Лондон треба да достават планови за акција при Brexit

Банките во Лондон треба да достават планови за акција при Brexit

Англиската централна банка ги обврзала банките во главниот финансиски центар – Лондон, да обезбедат до петок за тоа како ќе реагираат на излегувањето на Велика Британија од Европската унија (ЕУ). Резултатите ќе бидат објавени на 3-ти август, објави британската централна банка.

Неколку големи банки веќе најавија дека ќе се преселат во друга земја членка поради планираното излегување на Велика Британија од ЕУ. Базираните банки во Лондон имаат потреба од правни самостојни подружници во држава од ЕУ, за да можат да продолжат да обезбедуваат услуги во Унијата.

И некои германски банки веќе се подготвуваат за „Brexit“. „Deutsche Bank“, на пример, која има во Лондон околу 9.000 вработени, размислува за поместување на својот бизнис со европските корпоративни клиенти од Лондон во Франкфурт.

Во последната година „Commerzbank“ пресели голем број вработени од Лондон во своето седиште во Франкфурт. Во моментов во британската престолнина банката има едвај 1.000 вработени. Како точно тие се подготвуваат за „Brexit“ засега Commerzbank не открива.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП