26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНеобичен трик кој ќе ви помогне да ја добиете довербата од другите

Необичен трик кој ќе ви помогне да ја добиете довербата од другите

Гледањето длабоко во очите на вашиот соговорник е одличен трик. Според најновото истражување, луѓето повеќе им веруваат на луѓето со проширени зеници.

Во истражувањето кое го водеше Маришка Крет, доктор по науки на Универзитетот Леиден, 69 студенти играле инвестициска игра во која гледале кратки видео клипови од нивните идни „деловни партнери“. Снимките всушност претставувале изменети слики од пар очи, кои биле проширени, стеснети или нормални на неколку секунди

Потоа, учесниците мроале да одлучат дали да инвестираат пет евра или нула евра во своите „партнери“. Истражувачите им објасниле дека во случај на договор нивната инвестиција ќе се зголеми за 300 %, а партнерите ќе изберат кој процент од таа сума ќе им го вратат. (Одлуката за враќањето на парите ја донесувале истражувачите, бидејќи партнерите биле компјутеризирани фотографии од очи).

Резултатите покажале дека учесниците би им дале пари на партнерите со проширени зеници, особено на лицата кои изгледале среќно. Истражувачите овие налози ги тумачат преку зголемената волја на учесниците да им веруваат на луѓето со проширени зеници.

Крет вели дека е невозможно самоволно да ги проширите или стесните зениците.Но, друго истажување покажа дека само замислувањето дека сте во темна соба може потсвесно да ги натера зениците на ширење, за тие да примат повеќе светлина.

Овој трик може да биде корисен кога имате чувство дека некој ви верува – замислете се себе во темница и надевајте се дека вашиот партнер ќе ја забележи промената во очите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП