Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,299.13 -0.01%    GRNT 830.05 1.13%    KMB 5,209.45 3.13%    MPT 40,034.07 6.98%    MTUR 4,695.49 2.08%    OHB 6,413.12 -0.21%    OKTA 4,191.33 1.02%    PKB 14,300.00 2.87%    REPL 63,000.00 0%    RZIN 120.00 -1.64%    RZLE 37.00 0%    RZLV 79.00 9.31%    RZUS 141.00 2.39%    SBT 2,000.00 0%    STB 963.00 1.19%    STBP 900.00 0%    STIL 148.00 -6.92%    TEL 279.65 1.69%    TKVS 4,498.50 4.11%    TTK 983.00 2.97%    UNI 2,590.16 1.31%    ZILU 244.39 0.16%    

Tip of the week: Пред фактите и боговите молчат!

Време: 12:05

Датум: јули 13, 2017

Категорија: КОЛУМНИ

Пред фактите и боговите молчат!” Сигурно сте го слушнале ова некаде, а можеби сте го употребиле и во некој разговор или преговори како ваш аргумент. Досега и јас го користев како концепт во разговорите и верував во тоа дека ако фактите се на наша страна, не постои ништо што може да ја побие нашата аргументација. Доколку прочитате и некоја книга за продажба и/или преговарање, секаде ќе видите дека фактите се промовираат како основа на секое преговарање.

Но, пред некој ден гледав едно видео на ФБ (Social Good Now – од Alex Cequea) во кое се објаснуваше, од психолошки аспект (според некои истражувања), дека тоа и не е толку точно.

Фактите значат рационално размислување. И според логика, би требало кога разговараме со некого, ако ни изложи факти/докази ние да го прифатиме тоа и на тој начин полесно да се разбереме. Но, не е баш така. Ние луѓето не сме толку рационални. Нашите одлуки и комуникацијата ја засноваме повеќе на други фактори отколку на факти. Како најголем фактор или бариера што влијае на неприфаќање на фактите е идентификација со групата на која припаѓаме (племенски инстинкт), т.е.  општествена припадност и приврзаноста кон нашето социјално опкружување. Ние повеќе реагираме на социјалните и на племенските парадигми, отколку на интелектуални анализи. Тоа значи дека без оглед на фактите, ако некој систем (група) верува дека нешто не е точно или е точно, припадниците на групата повеќе ќе веруваат на системскиот исказ, отколку на фактите. Докажано е дека е многу побезбедно да се приклониме кон нашето племе и неговата идеологија, отколку да се биде точен со факти.

Исто така, вели дека нашиот мозок константно го штити нашиот поглед на светот и нашиот идентитет. Тоа значи дека ги штити нашите принципи и верувања коишто сме ги вкорениле длабоко во нас. И кога нашиот поглед на светот е ставен на предизвик – тест, тогаш се активира истиот центар во мозокот што не штити од физичка опасност. Затоа, често луѓето реагираат агресивно на некои факти што докажуваат дека не се во право. Затоа е често тешко да се има интелигентна политичка дебата. Дополнително, тука е и “Backfire Effect” (повратен ефект) – одење контра на фактите што се спротивни на нашите верувања и ставови. Со одбивање на фактите, ние сè повеќе веруваме во нашите факти и верувања и ја зголемуваме бариерата кон соговорникот. Тоа значи, ако користиме факти во разговорите, со некој што има игнорантен / одбранбен став, е исто како да фрламе бензин на огнот.

Недостатокот на емпатија, исто така, е голема бариера што ја имаме во разбирањето со другите. Кога ние припаѓаме на некоја група, тогаш истражувањата кажуваат дека ние имаме помалку чувства и сме помалку емпатични кон членовите на другите групи (други раси, националности, пол, возраст, имиџ, политичка партија, спортски клуб…). И секогаш ние ќе бидеме во право, а другите не.

Што може да се направи, велат тие, кога сакате некому да му изложите факти:

  1. Идентификација со соговорникот – Јас и ти сме од иста(ШТО???). Мозокот мора да се осигура дека не сме непријатели. Мора да се идентификуваме дека сме од исто племе/група/страна (родители, фудбалски клуб, иста професија, партија, интереси…).
  2. Признавање на грешка – Доколку вие самите признаете дека можеби вашите факти не се толку корисни, во тој случај ја намалувате бариерата со соговорникот и го модулирате неговото мислење дека понекогаш може да се згреши.

Дополнително јас би додал:

  1. Профилирање – прво да се види во која група припаѓа соговорникот за да знаеме како да се поставиме пред него при изложување на фактите. Дали е рационален тип, емоционален или моторички/инстинктивен.
  2. Backfire Effect” (повратен ефект) – доколку се најдете во ваква ситуација, мене ми користи техниката на длабинска анализа на случајот. Наместо да поминеме во “flight” (бегање) од ситуацијата, се соочувате директно со соговорникот и го анализирате секој детаљ и дел од муабетот со него.

Во секој случај, тешко е ние луѓето да комуницираме и да се разбереме, бидејќи со цел да постигнеме договор ние треба да ја замениме нашата природа. Што теоретски е можно, но практично речиси невозможно.

Со успех во промените,

Петар Лазаров

Член на тимот

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-consulting.com

www.macedonia-export.com   

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Мисла на неделата – куме ти изгоре кесето

    Мисла на неделата – куме ти изгоре кесето

    Не е ова писание за кумот, туку за името е. Не можам и да сакам да ја завртам главата или да ја ставам во песок…

  • Мисла на неделата – пет крвави мајмуни

    Мисла на неделата – пет крвави мајмуни

    Имав можност да учествувам на еден семинар (службено) и таму еден уважен хрватски професор ни раскажа за експериментот со пет мајмуни. Оди отприлика вака. Во…

  • Мисла на неделата –УА свиркачи

    Мисла на неделата –УА свиркачи

    Не, не е овонеделниов напис за политика или никакви закони или слично. Туку е против прекумерната употреба на автомобилските свирки (сирени) во секојдневниот сообраќај и…

  • Мисла на неделата – Морален распад

    Мисла на неделата – Морален распад

    И си беше една ТВ презентерка која затаила данок. Се покаја си плати казна и никому ништо. Си беше и еден доктор кој призна (откако…

  • Мисла на неделата – Паркови на транзицијата

    Мисла на неделата – Паркови на транзицијата

    Во (веќе далечната) 2006-та година бев на годишен одмор во Република Албанија. Интересно ми беше што на самата плажа на поедини места имаше бункери.  Да,…

  • Мисла на неделата -Прогресивен данок, да или не?

    Мисла на неделата -Прогресивен данок, да или не?

    Во насока на подржување на јавната расправа околу воведување на прогресивен данок на добивка е и овонеделната Мисла на неделата со што сакам да го…

  • Tip of the week: Преземање на иницијатива

    Tip of the week: Преземање на иницијатива

    Сe помалку и помалку има јунаци кои ќе преземат некаква иницијатива за да се започне некоја работа, а камоли и да се заврши. Цело време…

  • Tip of the week: Кога не иде, не иде…

    Tip of the week: Кога не иде, не иде…

    Повеќе пати сме се нашле во ситуација кога колку и да сакаме некоја работа да испадне како што треба, едноставно не ни успева во намерата.…

  • Tip of the week: Пасивна продажба

    Tip of the week: Пасивна продажба

    Како моја професионална деформација, многу често знам кога шетам по продавници, ресторани, кафулиња или други услужни места, да го набљудувам и  да го следам продажниот…

  • Tip of the week: Пред да кажеш нешто…

    Tip of the week: Пред да кажеш нешто…

    Пред некој ден налетав на една слика на која пишуваше: Пред да зборуваш, размисли… Дали е вистина?! Дали е од помош?! Дали е инспиративно?! Дали…