18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗШто подготвува Mercedes по новиот A8?

Што подготвува Mercedes по новиот A8?

„Mercedes“ на јавноста ќе и открие како ќе изгледаат купе и кабрио верзиите на „S Сlasѕ“ во септември на саемот во Франкфурт.

Како и во случајот со седанот, се очекуваат благи промени на екстериерот и ентериерот, а повеќе внимание кај моделот за 2018-та година ќе биде посветено на технолошките иновации.

Идеата е по претставувањето на новите модели на „BMW Ѕerieѕ 7“ и „Аudi A8“, третата (или првата) германска компанија да покаже како таа ја гледа својата иднина.

На возачите ќе им бидат претставена напредни верзии на системот за автономија во возењето – „Intelligent Drive“, кој опфаќа „активно асистирање при менување на правецот“, но и асистенција при паркирање, промена на лентата, застанување и следење на сигнализацијата.

Покрај вештачката интелегенција и другите софистицирани технолошки решенија, се очекуваат и подобрувања под хаубата. Купе и кабриолет верзиите на „S Сlasѕ“ ќе бидат понудени со нова гама на мотори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП