
„ОПЕК“ (Организацијата на земјите извознички на нафта) ја задржи прогнозата за светската побарувачка на нафта во 2017-та година во обем од 96,38 милиони барели дневно, се наведува во извештајот за јули на картелот, цитиран од агенциите.


„ОПЕК“ (Организацијата на земјите извознички на нафта) ја задржи прогнозата за светската побарувачка на нафта во 2017-та година во обем од 96,38 милиони барели дневно, се наведува во извештајот за јули на картелот, цитиран од агенциите.
Без промена останува и прогнозата за растот на светската побарувачка во 2017-та година на нивото од 1,27 милиони барели дневно. Побарувачката на нафта во светот во 2018-та година, според ОПЕК, ќе биде со 1,26 милиони барели дневно поголемо отколку во тековната година и ќе достигне 97,6 милиони барели дневно.
Побарувачката на нафта на членките на „ОПЕК“ во 2017-та година, според прогнозата на организацијата, ќе биде со 300.000 барели дневно над нивото од минатата година, за да порасне до 32,3 милиони барели дневно. За 2018-та година овој показател се очекува да биде 32,2 милиони барели дневно.
Производството на нафта во Саудиска Арабија е зголемено во јуни во однос на мај со 51,300 барели дневно до 9,95 милиони барели дневно, забележуваат експертите на „ОПЕК“.
Генерално ископувањето на 14-те земји членки на „ОПЕК“ во јуни е зголемено во однос на мај со 393,500 барели до 32,6 милиони барели дневно. Најголемо зголемување е забележано во јуни во Либија, Нигерија, Ангола, Ирак и Саудиска Арабија.
Саудиска Арабија е најголем извозник на нафта во „ОПЕК“ и е посветена на најзначајното намалување на производството на „црното злато“ според договор „ОПЕК +“, забележува „ТАСС“.